Денот кога прв пат се пласираа на ЕП да стане државен празник

Репрезентацијата на Финска вчера го победи Лихтенштајн со 3:0 и на тој начин обезбеди историски прв пласман на завршница на Европско првенство. По завршување на дуелот, на стадионот во Хелсинки се случи вистинска лудница, а навивачите и фудбалерите беа пресреќни.

Напаѓачот Тему Пуки беше вистински предводник на теренот. Тој даде два гола против Лихтенштајн и со вкупно девет погодоци во квалификациите е четврти стрелец во сите квалификациски групи. Пуки истакна дека најголема заслуга за овој успех има селекторот Марк Канер.

„Неверојатен успех за нашата земја. Пресреќни сме. Селекторот е најзаслужен за овој успех бидејќи уште од првиот ден веруваше во нас дека можеме да се пласираме на ЕП. Ние сме мала, но горда држава. Горди сме што ќе играме на едно натпреварување како што е Европското првенство“, рече Пуки.

Голманот на финската репрезентација Лукас Храдецки даде предлот 15 ноември да биде прогласен за државен празник.

„Мислам дека ова треба да биде датум за државен празник. Ги исполнивме сите наши и соништа на навивачите“, рече голманот Храдецки.

 

- Оглас -

Најнови вести