Инвазија во Хелсинки, се слави историски пласман (видео)

Фудбалската репрезентација на Финска за првпат во историјата обезбеди пласман на еден завршен турнир. Со триумфот над Лихтенштајн од 3-0 Финците за првпат ќе се појават на едно Европско првенство, а таков историски пласман заслужува да биде прославен на вистински начин.

Во моментот кога судијата го означи крајот на дуелот, финските навивачи предизвикаа инвазија на теренот и почнаа да слават заедно со нивните херои.

 

https://streamable.com/lfr2k

- Оглас -

Најнови вести