Денов се претвори во кошмар за Икарди

Само неколку часа откако му беше одземена капитенската лента, Мауро Икарди доби уште една лоша вест. Аргентинецот е отстранет од тимот кој во четврток ќе гостува во Австрија, во мечот против Рапид Виена од првата рунда во нокаут фазата во Лигата на Европа.

Не се работи за повреда, едноставно Спалети одлучи дека нема да има потреба од Икарди за овој меч. Голгетерот се соочува и со криза, веќе седум меча по ред не успева да затресе мрежа. Се очекува младиот Лаутаро Мартинез да биде најистурениот играч во составот на „нероаѕурите“ во дуелот против Рапид.

Покрај Икарди, Спалети нема да смета уште на Милан Шкриниар и Марсело Брозовиќ, кои поради суспензија од жолти картони ќе го прескокнат мечот во четврток.

Првата пресметка од 1/16 финалето меѓу Рапид и Интер е закажана за терминот од 18:55 часот.

- Оглас -

Најнови вести