Денвер и Јокиќ со шокантен пораз на свој терен (Видео)

Никола Јокиќ за малку не постигна трипл дабл и заврши со 24 поени, 11 скока и седум асистенции, но тоа не беше доволно за неговиот Денвер да победи на домашен терен. Вашингтон беше како аутсајдер на овој меч, но на крајот гостите се радуваа на победа од 112:110.

Вашингтон е тим кој не може да стигне ни до осмото место на Истокот, но, сепак, факт е дека тимот е во одлична форма и победи на шест од последните седум средби. Волшебниците во поголем дел од мечот беа во водство, но најчесто тоа беше само неколку поени разлика, па се влезе во неизвесна завршница. Беше 105:105, кога Вашингтон со мини серија од 5:1 стигна до недостижни четири поени. Денвер го имаше последниот шут за победа, и тоа преку Аргентинецот Кампацо, кој промаши тројка за победа во последната секунда.

Пораз претрпе и втората балканска ѕвезда во НБА, Лука Дончиќ, со Далас. Маверикс беа поразени од Филаделфија со 111:97, а предводник во победничкиот тим беше Џоел Ембид со 23 поени. На спротивната страна, Дончиќ заврши со 19 поени.

Во останатите мечеви кои се одиграа ноќеска во НБА лигата: Бруклин – Орландо 129:92, Њујорк – Сакраменто 140:121, Мемфис – ЛА клиперс 122:94 и Милвоки – Њу Орлеанс 129:125.

- Оглас -

Најнови вести