Дерби е градско, голови ни за лек

По дуелот меѓу Вест Хем и Челзи во Англија, уште едно градско дерби во Европа, од Топ-5 лигите заврши без голови.

Во Валенсија, Вилјареал и Валенсија одиграа нерешено, без да се тресат мрежите на Асенхо и Нето. Вилјареал имаше подобра позиција да ги освои трите бодови, играше на свој терен и со фудбалер повеќе над половина час, но не успеа.

Дани Парехо, кој не е во добра форма беше исклучен кај Валенсија во 58. минута, но „лилјаците“ го издржаа притисокот на Вилјареал и освоија еден бод со играч помалку во меч без голови.

Парехо е еден од главните играчи на Валенсија, познат е по прекрасните слободни удари, но во последно време не е во препознатлива форма. Против Јувентус во Лигата на шампионите направи пенал, сега беше исклучен, што е лош учинок на еден од главните мотори во играта на Валенсија.

- Оглас -

Најнови вести