Дерби победи за Црна Гора и Данска, Србија лесно ја совлада Полска

Во драматичен финиш Данска го доби скандинавското дерби со Шведска со 30:29 и ги почна натпреварите на Европското првенство во ракомет за жени со победа.

Претходно во првиот меч од А групата Србија неочекувано лесно се справи со Полска и прокнижи сефте бодови со триумф од 33:26.

Поранешната ракометарка на Металург, Катарина Крпеж-Шлезак беше најефикасна во победничкиот табор со 11 голови.

Во уште едно регионално дерби, овојпат во дуел на екс-југословенските републики Црна Гора ја победи Словенија со 36:32.

И тука доминираше ракометарка што има настапувано за македонски клуб. Поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ со 7 голови беше најефикасна и ја предводеше Црна Гора до премиерната победа на ЕП. Во спротивниот табор и на мечот најефикасна беше Ана Грос со 8 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести