Возбудувањата во Првата фудбалска лига продолжуваат денеска од 16 часот кога ќе се комплетира 29-то коло. Вчера Вардар го победи Шкупи на Чаир со 0-2 и ја продолжи својата серија без пораз на 14 меча, а денеска фокусот е кон Скопје и Струга каде нѐ очекуваат нови две дерби пресметки.

Како што покажуваат и квотите во Sport Life, интересно ќе биде на Националната арена „Тодор Проески“ каде Работнички го пречекува Силекс. Тоа е дуел на двете екипи кои се наоѓаат во топ 3 на табелата, а лидерот Шкендија ќе гостува кај Струга Трим Лум.
Беса и Брера во Гостивар ќе играат исто така важен меч во битката за опстанок, односно по најновиот развој на настаните, за избегнување на баражот.
Две екипи најавија дека се повлекуваат од натпреварувањето во Првата лига, Воска Спорт и Гостивар, па иако нивните мечеви се официјално закажани, Воска Спорт – Тиквеш и Гостивар – Пелистер, се очекува гостите да го добијат со службен резултат.