Дербито не го дочека крајот: Навивачите дивееја на стадионот, но и надвор од него, фудбалерите едвај спасија жива глава (Видео)

Популарното белгиско фудбалско Класико меѓу Стандард Лиеж и Андерлехт не го дочека крајот откако во 63 минута, главниот судија мораше да ги повлече играчите на двата тима од теренот, поради дивеењето на навивачите.

Андерлехт поведе со гол во третата минута, но потоа домаќините беа тие кои доминираа. До крајот на првиот дел, Стандард постигна два гола и на полувреме замина со предност од 2:1. Во 56 минута веќе беше 3:1 за домаќините, што беше знак гостинските фанови да почнат со дивеење.

Од трибините започнаа да фрлаат факели, димни бомби и други тврди предмети.

Откако судијата го прекина дуелот, навивачите на Андерлехт продолжија со дивеењето и надвор од стадионот. Според информациите од Белгија, фудбалерите на Aндерлехт едвај успеале да се спасат и да останат неповредени, затоа што бил нападнат автобусот со кој се превезувале и биле искршени неколку прозори.

Андерлехт сезонава има очајни резултати, па по 13 одиграни кола има само 16 бода, доволни за 12 место во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести