Дербито во Хјустон ќе биде на ракетен погон, но Џејмс може да го има последниот збор

Бостон – Феникс (01:00 ч.)

Дуел на кој домаќинот е апсолутен фаворит. Бостон сезонава дома има 16 победи во 20 меча и е еден од понепријатните домаќини. Феникс има тим кој сака да се избори за место во плејофот на Западот и секоја победа ќе им биде драгоцена.

И традицијата е на страна на Бостон кој победил на пет од последните шест меча со овој ривал. Пред три месеци, Бостон славеше со 14 разлика на гости, па и сега не би требало да има проблеми да стигне до сигурен триумф.

Предлог тип: 1 хен. 7,5 поени (1.90)

 

Атланта – Детроит (01:30 ч.)

Ова треба да биде еден од понеизвесните мечеви ноќеска. Атланта е најслаб тим на Истокот и втор најслаб во НБА со само 10 победи во 42 средби. Сепак, Јастребите се залежаа и имаат два триумфи во низа, им се врати самодовербата, а Детроит е противник кој може да се победи.

Сезонава одиграа два пати и на двата меча имаше меѓу 226 и 232 поени, што значи границата за кошеви може да се бара тука некаде.

Предлог тип: 1&>226,5 (3.80)

 

Чикаго – Кливленд (02:00 ч.)

Две послаби екипи од Истокот. Чикаго верува дека со серија победи може да стигне до осмото место кое води во плеј-офот додека Кливленд со само 12 победи во 42 меча нема што да се надева. Домаќинот е фаворит, а Чикаго ќе има мотив плус да победи, затоа што Кливленд славеше на последните три меѓусебни средби.

За тоа колку се слаби двата тима покажува и фактот дека имаат само по две победи во последните 10 меча.

Предлог тип: 1 (1.50)

 

Хјустон – ЛА лејкерс (02:30 ч.)

Дерби на вечерта во НБА.  Хјустон е во лоша низа и има три порази во последните четири меча, па дербито против Лејкерс е одлична можност да се врати на победите. Тимот од ЛА имаше девет триумфи во низа, но таа серија беше прекината по пминималниот пораз од Орландо.

Грин и Нене ќе ги нема кај домаќините додека Казинс и Рондо ќе ги нема кај гостите, а неизвесен е настапот на Ентони Дејвис. Ако не игра Дејвис, Лејкерс ќе има многу потешка задача да стигне до победата. Сезонава овие два тима не играле ниеднаш, а се очекува шоу од тимовите кои нападот им е најсилно оружје.

Предлог тип: >230,5 (1,90)

 

Оклахома – Портланд (03:00 ч.)

Сезонава овие две екипи одиграа три меча. Портланд ги доби првите две средби, а на последниот дуел се радуваше Оклахома. Домаќините имаат три порази по ред на домашен терен што покажува дека тимот е во лоша форма, но сепак тоа не значи дека не се фаворити против Портланд.

За да има помирна завршница на сезоната, Оклахома треба да влезе во серија победи кои ќе им го обезбедат плејофот, а реална опција е да го победат овој ривал.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

- Оглас -

Најнови вести