Остануваат само уште неколку часа за типување на бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза, секако доколку тоа не сте го сториле до сега.
Третото коло започнува денес во 15 часот со дерби дуелот од италијанската Серија А помеѓу Јувентус и Лацио. Домашните на овој меч влегуваат како големи фаворити според играчите на Спортска прогноза, кои предност му даваат на Јувентус во голем процент од 82.38%.
Саботна понуда на натпревари е збогатена и со вториот дерби дуел, оној миланскиот, помеѓу екипите на Интер и Милан. И тука играчите имаат свој фаворит, а тоа е условно домаќинот на овој меч, екипата на Интер со 46.83%. Нешто повеќе од една третина од типувачите предвидуваат дека натпреварот ќе заврши нерешено, додека само 18.32% фаворитската улога му ја препуштаат на Милан.
Како во секое коло, главната мисија е да се погодат 13 фиксови кои ќе ви донесат Среќна 13-ка и можност да одберете еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени фиксови се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11 погодени натпревари се добива ваучер од 500 денари.