Дербито заврши без голови, фенерџијата Саса прв пат победи на гости и тоа во Тетово

Дербито од 20 коло во Втората македонска фудбалска лига меѓу Беса и Детонит заврши без погодоци, па тимот од Врапчиште сега има 51 бодови на врвот на табелата, а Детонит е трет со 42 бодови. Меѓу овие две екипи е второпласираниот Пелистер кој минимално со 1:0 беше подобар од Кожув и сега има 45 бодови.

Најубедлив во ова коло беше тимот на Охрид кој пред своите навивачи победи против Осогово со убедливи 5:0. Единствениот гостински тим кој си замина со цел плен е Саса. Тимот од Каменица славеше со 3:1 на гости кај Тетекс, во чии редови се продлабочува кризата.

Резултати од 20.коло: Арсими – Караорман 3:0, Башкими -Новаци 1:0, Беса – Детонит 0:0, Скопје – Вардар (Н) 1:0, Охрид – Осогово 5:0, Пелистер – Кожув 1:0, Победа – Беласица 0:0, Тетекс – Саса 1:3.

- Оглас -

Најнови вести