Дерик Роуз на 35-годишна возраст објави дека ја завршил кошаркарската кариера. Тој ќе остане запаметен како најмладиот добитник на признанието за најкорисен кошаркар во НБА-лигата кога во 2011 година ја освои титулата со неполни 23 години.
Роуз во НБА-лигата пристигна во 2008 година, кога како прв пик на драфтот потпиша за Чикаго булс, каде што остана сè до 2016 година, а потоа играше и за Њујорк никс, Кливленд кавалирс, Минесота тимбервулвс, Детроит пистонс и Мемфис гризлис.
Во 15-годишната кариера во НБА-лигата одигра 723 натпревари во регуларниот дел со просек од 17,4 поени и 5,2 асистенции по натпревар.