Десет азиски земји со заедничка кандидатура за СП 2034

Дури десет азиски држави планираат поднесување на заедничка кандидатура за организација на фудбалското Светско првенство кое ќе се игра во 2034 година.

Брунеи, Камбоџа, Сингапур, Филипини, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Тајланд и Виетнам на состанок во Бангкок се договориле да ги здружат силите, и така да имаат поголеми шанси Мундијалот да го донесат во југоисточниот дел на азискиот континент. Не само тоа, овие десет земји би отишле и чекор понапред, би составиле еден заеднички тим кој на тоа СП би играл под едно заедничко знаме.

Во 2002 година, Јапонија и Јужна Кореја беа домаќини на СП, а и следното првенство, закажано за 2022 година ќе се игра во Азија, во Катар.

Кандидат за домаќин на СП 2034 ќе биде Кина, која секако ќе биде фаворит, дури и ако има ваква кандидатура на десет азиски земји.

- Оглас -

Најнови вести