Десет тандеми за кои малкумина се сеќаваат дека играле заедно (Фото)

Текот на фудбалските кариери на многу играчи им ги вкрстуваат и разделуваат патиштата, па често се забораваат некои тандеми кои постоеја во минатото, а од денешна гледна точка се незамисливи.

Во 2007 и 2008, во дресот на аргентинскиот гигант Ривер плејт заедно играа Чилеанецот Алексис Санчес и Колумбиецот Радамел Фалкао.

Во сезоната 2001/2002, во тимот на Бреша, клупски колеги беа легендата Роберто Баџо и еден од најдобрите тренери на светот, Пеп Гвардиола.

Во периодот од 2008 до 2010, во Баер Леверкузен соиграчи беа Тони Крос и Артуро Видал. Денеска тие се играчи на лутите ривали Реал Мадрид и Барселона.

Во 2000/2001, во Вест Хем заедно се погодија тренерот на Челзи, Френк Лампард, и предводникот на хрватската фудбалска федерација Давор Шукер.

Реал Сарагоса беше тимот во чии редови во 2006/2007 беа Пабло Аимар и Жерард Пике.

Интересно е што како членови на Пари Сен Жермен, од 2001 до 2003 соиграчи беа Маурисио Покетино и Роналдињо.

Иако тоа и не беше толку одамна, пред 12 сезони, со изгледот на Иван Ракитиќ и Месут Озил од времето кога играа заедно за Шалке, делува како тоа да било во далечно минато.

Можеби не се мирисаа додека играа за Реал и Барса, но Серхио Рамос и Дани Алвеш беа блиски додека играа заедно за Севилја од 2003 до 2006.

Во сезоната 2005/2006, за Олимпијакос играа некогаш феноменалните Ривалдо и Јаја Туре.

Потсетување дека во 2012/2013, Хари Кејн како позајмен од Тотенхем играше за Лестер, и делеше соблекувална со Џејми Варди. Сега тие се тандем на англиската репрезентација и меѓу најопасните стрелци во Премиерлигата.

- Оглас -

Најнови вести