Десетка за Холанѓанецот – Куман имаше малку милост кон Барселона, се откажа од два милиони евра отштета

Шпанските медиуми објавија дека Роналд Куман и Барселона се договориле отштетата за предвременито раскин на договорот на штета на клубот да биде помала за два милиони евра и Холанѓанецот ќе добие 10, наместо предвидените 12 милиони евра.

Минатиот месец Куман доби отказ од челниците на Барселона по поразот од Рајо Валјекано, чиј голман е нашиот репрезентативец Столе Димитриевски.

Кусо по заминувањето на Куман кормилар на Барса беше Сержи Бархуан, а потоа за нов тренер беше именувана легендата на клубот Чави Ернандес.

 

- Оглас -

Најнови вести