Дидие Дешан му одговори на Жозе Мурињо, по анализата на Специјалниот во која прогнозираше дека Франција нема да биде европски првак.
Мурињо типува дека Франција може да стаса до финалето, но и дека нема да победи, а фаворит му е Англија.
„Имаат одлична генерација и добар стручен штаб. И Белгија е фаворит. И за двете селекции сега е време да освојат. Односно, кога, ако не сега“, вели Мурињо.
Тоа го налути Дешан, па му одговори на Мурињо.
„И јас знаев дека нема ништо да направи со Тотенхем, иако имаше одличен тим, па си молчев“, контрираше селекторот на Франција.
Триколорите се топ фаворити за европската круна, барем според коефициентите во обложувалниците. Во Sport Life коефициентот за Франција да ја освои титулата е 5.50 и е најмал од сите 24 репрезентации.
Англија е втора со квота 6.00, потоа следат Белгија со 7.00, Германија со 8.00, Португалија и Шпанија со по 9.00 и Италија и Холандија со по 13.
Триумф на Македонија на турнирот и сензационално злато на ЕП е со коефициент од 500 во Sport Life.