Дестани ја враќа во игра идејата за Балканска лига

Шкендија доминира во македонскиот фудбал, втора година по ред убедливо го освојува шампионскиот трофеј, а според изјавата на сопственикот на клубот, Лазим Дестани следна цел е настапот во фазата по групи во едно од европските натпреварувања, Лигата на шампионите, или Европа Лигата, но и сериозен обид да се воскресне идејата за Балканска лига.

Во изјава за „Lajm TV“ Дестани побара да се организира сериозна дебата за реализација на Регионална лига, секако со учество и на наши екипи, пред се Шкендија и Вардар.

Балканската лига, односно нејзината реализација беше долго во фокусот, но некако во последно време замре, па сега првиот човек на Шкендија повторно ја враќа на репертоарот.

Една таква лига со учество на пример на хрватските гиганти Динамо Загреб и Хајдук, потоа и на српските екипи Црвена Звезда и Партизан, евентуално и со грчки, бугарски, романски и екипи од БиХ и Словенија и Црна Гора, секако и со македонски претставници би била топ идеја.

Вакви лиги веќе постојат во неколку спортови во Регионот, во кошарката се игра АБА лигата, во ракометотот позната е СЕХА лигата, а од неодамна има Регионална лига и во ватерполо.

- Оглас -

Најнови вести