Детаљ кој многумина не го забележаа, се виде како изгледа повредениот прст на Бензема! (Фото)

Добитникот на Златната топка, Карим Бензема, на церемонијата во Париз се појави без познатиот бандаж на раката со којшто игра три и пол години и за многумина беше интересно да се повтори приказната околу повредениот прст на Французинот.

Бензема го скрши малиот прст на десната рака на 13 јануари 2019 година на натпревар помеѓу Реал Мадрид и Бетис.

Лекарите му рекоа дека потребна е операција, но тоа ќе значеше пауза барем од два месеца. Французинот одби, не сакаше да го остави на цедило својот тим, па почна да игра со бандаж на раката иако има болки.

Поминаа повеќе од три и пол години, коската зарасна, а Бенз и понатаму игра со бандажот. Имаше шанса да се оперира минатото лето, но доби повик да игра за француската репрезентација, па ќе чека друга прилика.

Можеби Бензема ќе игра со бандаж и до крајот на кариерата. Се покажа дека тоа му носи среќа, голови и титули.

Доколку не забележавте како изгледа малиот прст на десната рака на Бензема, еве ви прилика да видите:

Сега знаете како изгледа прстот на Бензема што го тера секој натпревар да игра со завој на десната рака.

- Оглас -

Најнови вести