Дете му кажа на Роналдо дека Меси е подобар од него, а потоа Португалецот збесна и имаше што да одговори (Видео)

Кристијано Роналдо повеќе од два месеци е далеку од најдобирот фудбал затоа што игра во првенството на Саудиска Арабија, но неговата популарност воопшто не е намалена. Каде и да се појави, Роналдо привлекува големо внимание и реакции, а така беше и по вчерашниот меч на неговиот Ал Наср на домашен терен.

Ал Наср во неверојатен меч со 3:1 го победи фенерџијата Ал Батин, а Роналдо го немаше ниту меѓу стрелците, ниту меѓу асистентите. По завршување на дуелот, додека Роналдо одеше кон соблекувалните, едно детенце кое беше во тунелот, му префрли на Португалецот дека „Меси е подобар фудбалер од него“.

Кога Роналдо го слушна ова, не можеше да се воздржи, едноставно падна на провокација на едно дете и реши да му врати и му одговори: „Тогаш зошто си тука, оди да го гледаш него“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести