Дете со дрес од Саутхемптон му направи „пренк“ на капитенот на Челзи со една добра позната финта (ВИДЕО)

Саутхемптон и Челзи вчеравечер ги одмерија силите во рамките на петтото коло од Премиер лигата, а Светците славеа со 2:1.

Пред почетокот на средбата, додека играчите на двете екипи беа во тунелот, пред да излезат на теренот придружувани од дечињата, се случи еден интересен момент.

Едно од децата коишто беа со дрес од Саутхемптон му подаде рака на капитенот на Челзи, Сесар Азпиликуета. Шпанецот сакаше да возврати на поздравот, но детето брзо ја повлече раката и ја стави на носот.

Стара и добра позната финта којашто секогаш привлекува внимание кога некој ќе ја направи.

- Оглас -

Најнови вести