Детето кое плачеше за дресот на Џеко се запозна со својот идол (видео)

Малиот Давид за Божиќ си доби подарок – дрес од својот идол Един Џеко, но Рома реши да му приреди ново изненадување на својот млад навивач.

Давид заедно со својот татко доби прилика да прошета низ просториите на Римската Волчица и да ги види трофеите кои клубот од Рим ги има освоено низ годините, но големото изненадување беше кога пред него се појави капитенот.

Давид веднаш му се фрли во прегратка на Џеко, при тоа го носеше дресот за кој плачеше од среќа, па си доби уште еден резервен дрес исто така од босанскиот голгетер.

https://twitter.com/OfficialASRoma/status/1346396020335235072

- Оглас -

Најнови вести