Детето што собира топчиња му зема поен на Ѓоковиќ (Видео)

Новак Ѓоковиќ лесно без никакви проблеми по само 37 минути игра, со 2:0 во сетови (4:1, 4:1) славеше против Виктор Троицки во првиот меч од Адриа тур што се игра во Белград. Светскиот рекет број 1 организира вистинско шоу, а на трибините на терените во Белград се полни трибините.

Новак без поголеми проблеми го зема првиот сет против неговиот добар пријател Виктор, а потоа Троицки признавајќи дека е немоќен, во еден момент го препушти рекетот на едно од дечињата кои беа задолжени да ги собираат топките. Момчето го прифати предизвикот да застане во борба против Ѓоковиќ и вистинско шоу беше кога успеа да му го земе првиот поен.

Кога момчето сакаше да му го врати рекетот на Троицки, Виктор му дофрли да одигра уште неколку поени, затоа што подобро му оди од него. „Остане нели гледаш дека тебе ти оди подобро од мене“, дофрли Троицки.

Следните два поени ги зема Ѓоковиќ, но момчето сигурно цел живот ќе ги памти трите поени што ги одигра против најдобриот тенисер во светот.

Иако во Србија денеска има 76 новозаболени од Коронавирусот, тенискиот турнир се игра пред полни трибини.

 

- Оглас -

Најнови вести