Србија брои нови заразени со ковид-19, а во Белград се игра врвен тенис пред публика (фото)

Тенискиката турнеја „Адрија“ која ја организира првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, започна вчера во Белград. Средби се играат пред публика, а Ѓоковиќ во овие моменти се соочува со сонародникот Виктор Троицки.

Во Србија денес се потврдени нови 76 случаи на ковид-19, меѓутоа на турнирот присуствува неколку илјадна публика која со голема возбуда ги следи мечевите. Претходно денеска со триумф тргна Димитров со 2-1 во сетови против Лајовиќ, додека Џумхур по само два гема го предаде мечот против Тим.

Инаку, вчера се одржа церемонијата за отворање на турнејата, а таму Ѓоковиќ како искусен журкаџија ја запали публиката забавувајќи се на безвременскиот хит „Пијано“ на светки популарниот диџеј Ерик Прајдс.

https://twitter.com/Stroppa_Del/status/1271472659486908416

- Оглас -

Најнови вести