Децата се магични – Слован и Вулверхемптон ќе играат пред полни трибини и покрај забраната за навивачи

Примерот на белградскиот Партизан ќе го следи и Слован од Братислава, а убава армија од 21 илјада деца ќе бидат присутни на трибините на „Техелне поле“ на 24 октомври за дуелот од Европа Лигата со Вулверхемптон.

Требаше да се игра пред празни трибини бидејќи словачкиот клуб е казнет од УЕФА поради расизам, но повторно се најде начин да не се игра без публика.

Партизан од Белград успеа да организира вистинска армија од деца кои во голем број, или точно 22 илјади го следеа мечот со АЗ Алкмар во претходната рунда.

Сега и Слован го искористи правилото на УЕФА и дозволата во вакви случаи на трибините да има само деца, па дури и ќе си го урне рекордот сезонава според посетата на фудбалски меч ако се оствари најавата за присуство на 21 илјада навивачи-деца што ќе пристигнат од неколку места во Словачка.

Секако, најмногу ќе ги има од Братислава, а според правилото на УЕФА, на секое десетто дете треба да има и придружба од еден возарсен човек.

 

- Оглас -

Најнови вести