На детската радост ѝ немаше крај: Играчките од навивачите на Бешикташ стигнаа до дечињата во Хатај (Фото)

Бешикташ уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски гигант во секоја смисла на зборот откако успешно ја заврши хуманитарната акција за помош на децата кои беа погодени од страотниот земјотрес во Турција.

Навивачите на Бешикташ на нивниот стадион „Водафон парк“ на дуелот против Анталијаспор организираа акција со донирање играчки за децата од погодените подрачја во Турција. Илјадници играчки беа фрлени од трибините во акцијата која се нарече „Оваа играчка е за тебе пријателе“. Како изгледаше стадионот на Бешикташ, може да видите ТУКА.

Сите тие подарени играчки, денеска пристигнаа во Хатај, градот кој беше најпогоден од земјотресот во којшто загинаа над 50.000 луѓе.

„Верувајте тој ден, тој момент беше премногу емотивен. Сите луѓе плачеа. Денеска сме тука да ги поделиме играчите на нашите дечиња коишто живеат во шатори. Им благодарам на сите коишто учествуваа во акцијата“, рече претседателот на Здрушението на навивачи на Бешикташ, Седат Ујсал.

Радоста кај дечињата кои добија играчки беше голема. Освен играчки, во камионите имаше и значителна количина пелени, кебиња, детска храна и млеко.

- Оглас -

Најнови вести