Девет порази во 20 кола, фановите на Манчестер јунајтед бараат смена на Ерик Тен Хаг, тој не се дава!

Навивачите на Манчестер јунајтед „грмат“ по социјалните мрежи после поразот од Нотингам форест, виновник за слабите резултати (седмо место во Премиер лигата, далеку од битка за местата кои водат во ЛШ, и елиминација од Европа), тоа е менаџерот Ерик Тен Хаг.

Или Тен Хаг да си оди, или да се промени повеќе од половина тим, коментираат фановите.

Бројките велат дека Тен Хаг треба да биде разрешен. Гигантот од Манчестер има дури девет порази во 20 кола во Премиер лигата (најлош скор во последните 34 сезони), а во Лигата на шампионите беа последни во групата, останаа и без место во Лига Европа. Севкупно, Јунајтед има 14 порази сезонава, најголем број на порази до Нова година од далечната 1930/1931 наваму.

Во календарската 2021, тимот имаше 21 порази во сите натпреврувања. Повеќе загубени натпревари имале само во 1921, 1930 и 1972 година.

Но, Тен Хаг има поинаков план од навивачите, тој смета дека не треба да си оди и после поразот вечерва, најави подобри денови за тимот кога ќе се вратат Касемиро, Амрабат, Хојлунд, Мегваер, Мартинес, Маунт, Шо и останатите повредени или болни.

- Оглас -

Најнови вести