Девојче го извлече одговорот од Ѓоковиќ кој сите го чекаат (Видео)

Се ближи моментот кога Новак Ѓоковиќ и дефинитивно треба да каже јавно дали ќе игра на Отвореното првенство на Австралија, но се чини дека случајно тој веќе го даде одговорот и нема дилеми дека ќе настапи во Мелбурн, што значи дека најдобриот тенисер на светот е вакциниран против корона-вирус.

Ѓоковиќ не сака да каже дали е вакциниран и тактизира околу објавата дали ќе игра на ОП на Автстралија, кое почнува на 17 јануари, но едно девојче го извлече одговорот од него.

По еден тренинг на терените на тврда подлога (иста како таа во Мелбурн) во Марбелја, девојчето му посака среќа на Ноле на Отвореното првенство на Австралија, а неговиот одговор беше: „Благодарам, многу си љубезна“.

https://twitter.com/i/status/1477718908379484163

- Оглас -

Најнови вести