Девојче го воодушеви светот: Трчаше боса и победи на сите три трки

Спортот постојано испишува најразлични животни драми, а тоа што го направи 11-годишното девојче од Филипини е неверојатно. Малата Реа Булос е девојче која обожава атлетика, и тоа тркачките дисциплини. Сепак, голем прблем и е тоа што нејзиното семејмство е толку сиромашно, што не може да си дозволи да купи патики за девојчето, ниту опрема за тренинг.

И покрај сиромаштијата, Булос реши да трча и да го покаже својот талент. Боса, но со завои на нозете, се спротистави на конкуренцијата. На завоите сама си го напиша знакот на „Најк“, а трчаше практично боса. Малата Реа се натпреваруваше во дисциплините на 400 метри, 800 метри и 1.500 метри и што е уште поважно, трипати ПОБЕДИ.

Ваквиот подвиг не остана незабележан, посебно од компанијата „Најк“, која реши да ја награди 11-годишната Филипинка со неколку пара нови патики и спринтерки.

Овој подвиг на малата Реа е само доказ дека многупати не се потребни многу пари за да се покаже талентот, туку желбата и упорноста знае да биде наградена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести