Девојка влезе на терен, го прекина мечот Белгија – Финска и ја постигна целта (Фото)

На синоќешниот меч од ЕВРО 2020 помеѓу Финска и Белгија, кој се играше во Санкт Петербург, една млада девојка влезе на теренот и на кратко го прекина натпреварот.

Таа брзо беше „уловена“ од стјуардите, но нејзината цел беше да влезе на теренот и да го привлече вниманието со рекламирањето на криптовалутите. Сите видоа дека таа ги рекламира ривалските криптовалути на биткоинот, а тоа беше и нејзината цел.

На навивачите им беше забавно, но веројатно не и на организаторите и на редарската служба, кои потфрлија и дозволија девојката да влезе на теренот. Се лутеа и гледачите што камерите не ја покажаа девојката, а ги снимаа непријатните сцени кога Кристијан Ериксен лежеше полумртов на мечот Данска – Финска.

- Оглас -

Најнови вести