Девојката поради која Дани Алвес е во затвор ги раскажа деталите за тоа што се случило во ноќниот клуб

Дани Алвес веќе четири месеци е во притвор поради обвинение дека силувал девојка во ноќен клуб. Легендарниот бразилски фудбалер беше дел од националниот тим на Светското првенство во Катар, а по елиминацијата од Хрватска, тој заминал во Барселона.

Една вечер Алвес бил излезен во дискотека, запознал девојка, која подоцна го обвини дека ја силувал во тоалетот. Полицијата го уапси фудбалерот на 20 јануари и оттогаш е во притвор без можност да плати кауција за да излезе на слобода.

Девојката која тврди дека била силувана реши својата приказна да ја раскаже на една ТВ-емисија. За да се сочува анонимноста на девојката, на ТВ-одел само текст кој го читала спикерката, а е расказ на девојката.

„Ми пријде и ме праша дали знам кој е? Му одговорив дека немам поим, а тој ми рече дека се вика Дани. Ми рече дека сака да кугла. Потоа ја зеде мојата рака и ја стави на неговиот пенис. Ми рече да појдам со него, но јас му реков дека не сакам. Се уплашив да не ми стави нешто во пијалокот или дека ќе ѝ направи нешто на мојата пријателка“, вели девојката во нејзиното раскажување за тоа што се случило.

Таа на крајот решила да замине со него, но тврди дека не знаела каде ќе оди. Наеднаш се нашла во тоалетот на диското.

„Беше тесно, само тоалет и мијалник. Не сфатив што се случува, а кога се свртев, тој веќе ја имаше затворено вратата. Ми го подигна фустанот и ми рече да седнам на неговиот пенис. Му реков дека не сакам и дека треба да си одам. Тогаш тој ме фати, бев шокирана. Знаев дека ќе ми нанесе болка и тоа го направи“, стои во деталното објаснување на девојката за тоа што се случило во кобната ноќ поради која бразилскиот фудбалер веќе неколку месеци е зад решетки.

- Оглас -

Најнови вести