Џабе чекаат ривалите, Интер сигурно чекори кон Скудетото (Видео)

Матео Дармијан е јунакот на Интер и клучен човек за тешката, но слатка победа од 1:0 против Калјари. Интер долго го кршеше отпорот на гостите од Сардинија и успеа во 77. минута, по одличната акција на Ашраф Хакими, кој му асистираше на Дармијан за победа.

Голот на десниот бек на Интер за победа против Калјари можете да го погледнете ОВДЕ.

Интер доминираше во текот на целиот меч, а гостите се обидуваа да одолеат и да освојат барем бод, што ќе беше многу значаен во битката за опстанок.

Сепак Дармијан во клучен момент во последниот период од мечот успеа да погоди и да му донесе голем триумф на лидерот.

Интер повторно има двоцифрена предност пред ривалите и со 74 бода на 8 кола до крајот на Серија А е многу блиску до шампионската круна.

Калјари остана во опасната зона со 22 бода, пет помалку од Торино, екипа која е прва над трите позиции кои водат во Серија Б.

 

- Оглас -

Најнови вести