Џабе му е голот против Џенова: Икарди е „мртов“ за навивачите на Интер (Видео)

Мауро Икарди се врати во тимот на Интер, а италијанскиот гигант стигна до убедлива победа од 4-0 на гости кај Џенова. Аргентинскиот голгетер речиси по два месеца, повторно беше на теренот и одигра солиден меч. Даде гол од пенал, имаше и една асистенција, но промаши и една чиста шанса за погодок.

Иако Икарди со погодок се врати во составот на Интер, навивачите не се радуваа на неговиот гол. Водачот на навивачката група на Интер едноставно забрани да му се аплаудира на Икарди за погодокот. Едноставно, навивачите ја загубија довербата кај некогашниот капитен на тимот, а кога тие ќе ти го свртат грбот, речиси е јасно дека треба да следи заминување од „Џузепе Меаца“. Тоа и го побараа фановите.

„По состанокот на навивачите, одлучено е дека однесувањето на напаѓачот со бројот девет е срамотно и дека не може да се толерира. Икарди не покажа карактер каков што треба да има капитен на нашиот тим. Ги повикуваме од Интер, што е можно побрзо да го исфрлат од тимот, бидејќи тој не сака да има иднина во нашиот клуб. Не треба да игра до крајот на сезоната бидејќи тоа е срам за сите нас кои го сакаме овој клуб. Нашиот став е дека Икарди не е дел од овој клуб и отсега така ќе се однесуваме“, стои во соопштението на навивачите на Интер.

- Оглас -

Најнови вести