Џабе му е на Леброн Џејмс, во Лос Анџелес друг е „газда“ (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го има најдобриот скор во Западната конференција во НБА, но, сепак, кога треба да игра против градскиот ривал Клиперс, Леброн Џејмс и соиграчите немаат лек. ЛА клиперс го доби дербито на ЛА со 111:106 и тоа на теренот на Лејкерс. За Лејкерс ова беше четврти пораз на домашен терен во 14 меча (трипати загуби во последните четири средби), но засега останува лидер на Западот.

Како што се очекуваше, победникот беше решен во последните секунди. Лејкерс на двапати во текот на мечот се обиде да направи предност, но Клиперс стигнуваше. Првиот пат Лејкерс со серија од 17:2 поведоа со 63:51, но Клиперс израмни на 86:86. Во вториот обид да стигне до предност во завршницата, Лејкерс поведе со 101:94, но гостите предводени од Кавај Ленард повторно ја стигнаа негативата и на крајот победија.

https://youtu.be/729KUt-01jM

Играчот кој минатата сезона со Торонто стана НБА-првак, а го доби признанието за МВП на финалето, покажа дека е главна ѕвезда во ЛА. Ленард даде вкупно 35 поени и беше најефикасен на теренот. Кај Лејкерс тројца играчи имаа над 20 поени, и тоа Кузма 25, Дејвис 24 и Џејмс 23, но тоа беше недоволно.

Лејкерс губеше со 109:106, имаше уште нецели 10 секунди до крајот, кога топката во свои раце ја зеде Џејмс во обид со тројка да израмни. Сите во салата го очекуваа шутот на Леброн, но кога тој се подигна на шут, Патрик Беверли одлично одигра во одбраната, му ја изби топката од раце и не дозволи да има ни обид за израмнување.

Ова им е втор меч сезонава на градските ривали и втор пат победува Клиперс.

Во Божиќната ноќ, на гости се радуваше и Њу Орлеанс против Денвер со 112:100. Иако домаќините беа големи фаворити, Пеликаните со одлична игра, посебно во последната четвртина, стигнаа до заслужена победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести