Џабе не им е легенда – Навивачите на АЕК Ларнака со поддршка за Тричковски (Фото)

Иван Тричковски е капитен на македонската репрезентација вечерва на мечот со Ерменија за првото место во нашата група во Сегментот Ц и омилен играч на симпатизерите на АЕК Ларнака.

Мечот се игра во Никозија, а со интересен транспарент навивачите на АЕК му даваат поддршка да ја одведе Македонија во Сегментот Б.

Тричковски е вистинска икона на АЕК и најдобар стрелец на сите времиња на кипарскиот прволигаш.

Вечерва ја предводи Македонија со капитенската лента, а ни одговара и реми против Ерменците за да бидеме први и да се преселиме во Сегментот Б од Лигата на нациите.

 

- Оглас -

Најнови вести