Џабе нервози и тепачки кога Арсенал му е редовен „пациент“ на Ливерпул кога играат на „Енфилд“ (ФОТО)

Ливерпул лесно и убедливо со 4:0 го совлада Арсенал во големото дерби од 12. коло во Премиер лигата.

И покрај тоа што гостите од Лондон успеаја да одолеат во првите 40 минути, каде што во меѓувреме и за малку ќе се степаа тренерите Јирген Клоп и Микел Артета.

Сепак, со голот на Садио Мане во самата завршница на првиот дел, работите почнаа да доаѓаат на свое место.

Во продолжение следуваше вистинска опсада кон голот на Арсенал, од страна на „црвените“, кои со головите на Жота (52′), Салах (74′) и Минамино (77′) демонстрираа шампионска сила.

Ливерпул ги победил сите пет последни натпревари меѓу овие две екипи на „Енфилд“ кога се играло во рамките на Премиер лигата.

Со новите три бода, четата на Јирген Клоп има 25 бода и се наоѓа на второто место на табелата во најсилната лига на Англија.

- Оглас -

Најнови вести