Бадијала талентот, Дембеле прави сериозни проблеми во Барселона

Усман Дембеле е вториот најскап играч во историјата на Барселона откако каталонскиот гигант за него плати 150 милиони евра. Дембеле со своите игри неколкупати го покажа раскошниот талент и даде погодоци кои беа вредни победа за Барселона.

Сепак, францускиот репрезентативец прави големи проблеми кога се работи за дисциплината. Дембеле често знае да не се појави на тренинг, и тоа без никаква причина. Најчесто тоа е поради неговата желба цела ноќ да игра видеоигри, па не може да се разбуди навреме за тренинг.

Иако многупати добивал опомена дека тоа не смее да го прави, Дембеле не се појави на тренингот на Барселона и по победата во градското дерби против Еспањол. На тој дуел, Французинот даде еден гол, но тоа никако не може да биде оправдување дека може да го прескокне тренингот на кој се појавија сите останати играчи на каталонскиот гигант.

Поради оваа недисциплина, многу е веројатно дека Дембеле ќе биде продаден во јануарскиот преоден рок или да ја смени навиката и да присуствува на секој нареден тренинг.

 

- Оглас -

Најнови вести