Џани чека новогодишен подарок од Лидс

Езѓан Алиоски е влезен во последната година од договорот со Лидс јунајтед, кој му истекува во јуни 2021 година, но македонскиот репрезентативец не би требало да размислува да го напушти „Еланд роуд“.

Иако од јануари ќе може да преговара со клубови кои не се од Англија за да договори евентуална преселба за следното лето, од таборот на Лидс веќе имаат изготвено нов договор за популарниот Џани.

Алиоски е како швајцарски нож за менаџерот Бјелса, покривајќи ги сите позиции по левата аут-линија, најчесто во улога на крилен бек. Со тоа што ужива во довербата на аргентинскиот стратег, а воедно е миленик на навивачите на Лидс, македонскиот репрезентативец многу веројатно и во иднина ќе го гледаме во Премиер лигата.

Откако пристигна во летото 2017 година на „Еланд роуд“, Алиоски запиша повеќе од 140 настапи за Лидс, во кои придонесе со 20 погодоци и 16 асистенции. Оваа сезона играше во осум првенствени меча, но и натаму чека деби гол во англискиот шампионат, додека еден погодок реализира во Лига купот.

- Оглас -

Најнови вести