Џани го смени Хасани во нападот и постигна гол (Видео)

Езџан Алиоски е расположен за игра, постојано е во офанзива од почетокот на мечот со Летонија, а тоа вроди со плод во 11-тата минута кога левиот бек со убав гол и донесе предност на Македонија од 1-0. Доби употреблива топка од капитенот Горан Пандев и од работ на шеснаесетникот го совлада Ванинс.

Од почетокот на мечот Алиоски игра одлично, постојано е на противничката половина, па некако им се сменија улогите со Ферхан Хасани, што излезе и добитна комбинација за нас.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести