Џејми Варди ноќеска се појави и во Холивуд (Видео)

Џексон Јуил го репризираше ремек-делото на Џејми Варди и голот со петица на дуелот меѓу Манчестер сити и Лестер, ноќеска на меч од МЛС-лигата.

Играчот од средниот ред на Сан Хозе ’рткуејкс постигна прекрасен гол во финишот на мечот против домашниот тим Лос Анџелес ФЦ, а и буквално го копираше стилот на познатиот стрелец од Премиер лигата.

LAFC 1 – [2] San Jose Earthquakes – Jackson Yeuill 90+4’ [Backheel goal] from soccer

Со неговиот погодок во 93-тата минута Сан Хозе победи со 2:1 за изненадување на последнопласираниот тим во Западната конференција на американско-канадската професионална лига.

Вчеравечер во англиското дерби меѓу Манчестер сити и Лестер ист гол како и Јуел постигна и Џејми Варди, кој блескаше со хет-трик во победата на Лисиците од 5:2 во Манчестер.

https://twitter.com/AdemolaVictor/status/1310258622744735744?s=20

- Оглас -

Најнови вести