Џејмс Родригес сака да остане во Мадрид, но тоа нема да биде во Реал

Колумбискиот репрезентативец Џејмс Родригес многу веројатно дека летово ќе си замине од Реал, но можно е сепак да не го напушти Мадрид. Според пишувањата на весникот „Марка“, Родригес е подготвен за трансфер во градскиот ривал Атлетико.

Џејмс се навикнал на животот во Мадрид и не би сакал да си замине од шпанската престолнина. Затоа, ако веќе мора да си оди од Реал, би барал варијанта следен негов клуб да биде Атлетико Мадрид. Кралевите летово веќе продадоа еден играч на Јорганџиите. Маркос Љоренте ќе го носи „црвено-белиот“ дрес на Атлетико, а сега е можно за трансфер од околу 40 милиони евра, тоа да го направи и Џејмс Родригес.

За колумбискиот репрезентативец интерес покажа и Наполи, но секако тој би сакал да не ја смени Шпанија и Мадрид како град за негово живеење.

 

- Оглас -

Најнови вести