Џеко бега од Рим на Островот, Лондон и Вест Хем се новите дестинации

Един Џеко веќе се договорил со Вест Хем и речиси сигурно пак ќе игра во Англија, објавија италијанските медиуми. Најдобриот стрелец на Рома си заминува од вечниот град и најверојатно ќе се врати во Премиерлигата, но овојпат не како член на Манчестер сити, туку на лондонски Вест Хем.

Популарните „чекани“ му понудиле на репрезентативецот на БиХ иста плата како во Рома, што е предизвик за Џеко. Во редовите на римската волчица има се повеќе проблеми, а се зкачи со Ел Шарави по дебаклот во Фиренца и поразот од 1:7 од Фиорентина во куп меч.

Џеко има 33 години, а Рома најавува ремонт по неубедливата сезона, па ќе дојде и до разделба на двете страни, кои до оваа година имаа одлична соработка.

- Оглас -

Најнови вести