Џеко фрустриран: Кој ги пишува правилата? Два пати ги победивме во Лигата на нации, а сега тие нѐ елиминираа

Босна и Херцеговина ги загуби шансите за пласман на Европско првенство, откако на домашен терен, на пенали беше елиминирана од Северна Ирска. За место во плејофот, БиХ се избори откако заврши како првопласирана во својата група во првата сезона од Лигата на нации. Тогаш, Босна и Херцеговина во групната фаза два пати играше против Северна Ирска и ја победуваше со 2:0 и 2:1.

Во тоа натпреварување, БиХ во групата освои 10 бодови, а Северна Ирска беше со четири порази од четири меча, со нула бодови. Селекцијата предводена од Един Џеко ја регуларен начин стигна до плејофот за пласман на ЕП, додека на Северна Ирска и се насмевна среќата.

По завршување на квалификциите за ЕП, сите кои на тој начин се најдоа на ЕП, оставија простор за поместувања во плејофот од Лигата на нациите, преку кој може да се дојде до место на ЕП. Ова особено се однесува на првите две дивизии во Лигата на нации, па така се отвори простор за селекции да се најдат во баражите, меѓу кои и за Северна Ирска, иако немаше бод.

„Во Лигата на нации ги победивме два пати и тоа знаете на каков сигурен начин, а сега тие ќе играат во финалето за пласман на ЕП. Не знам кој ги прави овие правила“, разочарано коментираше капитенот на БиХ, Џеко.

Северна Ирска иако немаше ниту една победа во Лигата на нации, токму преку ова натпреварување, може да стигне до ЕП, а последна пречка ќе им биде репрезентацијата на Словачка.

 

- Оглас -

Најнови вести