Џеко го чекаат да потпише за Јуве, а тој со тимот на Рома е на гостување во Верона

Додека фановите на Јувентус со нетрпение чекаат официјална потврда на трансферот на Един Џеко од Рома во Јуве, босанскиот напаѓач вечерва е во комбинација за настап на гостувањето на Рома кај Верона во првото коло од Серија А. Џеко со своите соиграчи отпатува во Верона, што значи дека тешко оти денеска би потпишал за италијанскиот првак.

Многу медиуми пишуваат дека работата е договорена, и дека Џеко веќе е нов играч на Јуве, но официјално не е така, тој уште е член на Рома и можеби вечерва и ќе настапи на дуелот со Верона.

Откако стана јасно дека Џеко замина со римскиот тим во Верона, сега се пишува дека вечерва ќе остане на клупа и нема да игра, и дека ова ќе му биде последно патување со екипата на Рома, пред преселбата во Јувентус. Наводно, утре е „Денот Д“ кога Џеко ќе замине во Торино на лекарски прегледи, и потоа би потпишал договот со најтрофејниот италијански фудбалски клуб.

- Оглас -

Најнови вести