Џеко го смрзна Фрозиноне во 95. минута

Един Џеко го постигна првиот и последниот гол за Рома во победата против Фрозиноне од 3:2, а гостите се радуваа на триумфот со погодок во 95. минута.

Босанскиот репрезентативец беше присебен и побрз од судијата, погоди во последните секунди за три бода за волчицата.

Дуелот беше возбудлив со пресврти и многу драма на крајот, а поведоа домаќините со голот на Сиано во петтата минута.

Потоа Рома успеа набрзина со головите на Џеко и на Лоренцо Пелегрини во кус интервал од 60 секунди да направи пресврт и имаше предност од 2:1 на полувремето.

Андреа Пинамонти во 80. минута им донесе радост на соиграчите од Фрозиноне со погодок за 2:2, но Џеко го имаше последниот збор на мечот и со гол во 95. минута и ги донесе бодовите на Рома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести