Џеко игра во животна форма во Фенербахче, но налето ќе го следи примерот на останатите ѕвезди

Един Џеко, кој ја игра можеби најдобрата сезона во својата кариера во дресот на Фенербахче, налето најверојатно ќе си замине од Турција и ќе тргне по стапките на голем број фудбалери.

Иако во Фенербахче стана лидер на тимот, турските медиумите пишуваат дека Џеко најверојатно ќе се пресели во Саудиска Арабија и ќе потпише за Ал-Хилал.

Според медиумите, Ал-Хилал планира голем проект за носење големи фудбалски ѕвезди со кои би доминирал во саудискиот шампионат и во азиската Лига на шампиони и Џеко им е една од главните цели во летниот преоден рок.

Един Џеко сезонава одигра 37 меча за Фенербахче во сите натпреварувања и постигна 22 гола, а има и девет асистенции.

- Оглас -

Најнови вести