Џеко мангупски го пофали тренерот: Инѕаги покажа дека разбира фудбал

Един Џеко по еден и пол месец, повторно постигна гол за Интер и тоа победнички. Босанскиот репрезентативец погоди во 90 минута за триумф на Нераѕурите од 2:1 против Венеција. Со овие три бода, Интер сигурно ќе биде лидер во Серија А и по овој викенд, а Џеко по мечот имаше интересна изјава во која го пофали својот тренер Симоне Инѕаги.

„Нема лесни мечеви, а тоа се виде и против Венеција. Во овој меч влеговме по 120 минути игра против Емполи и по тешкото гостување во Бергамо, а најважно е што победивме. Убаво е да се даде гол во 90 минута. Инѕаги го разбира фудбалот и знае дека напаѓачот може да го реши мечот во последната минута, што и се случи сега“, рече Џеко по победата над Венеција.

Џеко сезонава во 21 меч во Серија А има постигнато девет голови, а има и четири асистенции. Погодокот за победа над Венеција може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести