Џеко му се изнасмеа на Лукаку за очајната техника, набрзо и двајцата беа шокирани од Монца (Видео)

Интересна ситуација имаше на мечот меѓу Монца и Интер во судиското продолжение, а Един Џеко му се изнасмеа на Ромелу Лукаку на лошата техника што ја презентираше во 92. минута.

Лукаку не успеа да смири лесна топка, таа му побегна во аут, а само една минута подоцна и двајцата заедно со соиграчите од Интер беа шокирани со автогол на Думфрис за конечни 2:2.

Lukaku’s first touch in the dying minutes against Monza + Dzekos reaction from soccer

Лукаку влезе во игра токму на местото на Џеко во 55. минута кога беше 1:2 за гостите од Милано, но победата им побегна во последните моменти и Интер за првпат одигра нерешено во првенството дури во 17. коло.

 

- Оглас -

Најнови вести