Џеко објави фотографија од тинејџерските години која се покажа пророчка

На најдобриот босански фудбалер Един Џеко, судбина му било да стане член на Рома, клубит лиј дрес го носи веќе неколку сезони. Џеко како дете првите фудбалски чекори ги направи во Железничар, по што замина во Чешка, а потоа имаше успешна кариера во Германија и Англија, пред во 2015 година да замине во Италија.

Џеко ја носи и капитенската лента на римската Волчица, омилен е кај навивачите, а фановите сега уште повеќе ќе го сакаат и ценат, откако ќе ја видоа фотографијата од минатото, на која Џеко како тинејџер, „случајно“ носи шал на Рома.

Инаку, Џеко во детството навивал за Милан, но судбината го однесе во Рим, а не во Милано. Можеби и сликата со шалот на Рома најави каде Џеко ќе игра, иако тогаш веројатно не ни сонувал дека може да му се случи такво нешто.

Џеко како и сите други фудбалери кои настапуваат во италијански клубови, се надеваат дека од 4 мај ќе почнат да тренираат, а дека кон крајот на мај ќе продолжи сезоната во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести