Џеко се согласил за трансфер во Јувентус

Напаѓачот на Рома, Един Џеко во новата сезона ќе го облече дресот на Јувентус. Ова го тврди италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“. На италијанскиот првак му е потребен еден искусен голгетер кој треба да дојде на местото на Гонзало Игуаин кој сигурно си заминува од редовите на Старата дама. Џеко треба да биде поддршка за Кристијано Роналдо во нападот, каде уште е и Пауло Дибала.

Рома од трансферот ќе заработи 12 милиони евра додека репрезентативецот на Босна и Херцеговина ќе продолжи да ја добива истата плата од 7,5 милиони евра колку што заработуваше и во дресот на Римската волчица. Со реализација на трансферот на Џеко во Јувентус, треба да значи и крај на шпекулациите дека гигантот од Торино ќе го купи Луис Суарес од Барселона. Уругваецот вреди многу повеќе од Џеко, а во Јувентус процениле дека и напаѓачот на Рома ќе ја заврши истата работа.

- Оглас -

Најнови вести