Џеко во нападот на Фенербахче добива супер партнер

Капитенот на Ајакс, Душан Тадиќ реши дека е време да си замине од Ајакс и веднаш најде нов клуб. Турскиот гигант Фенербахче е следната станица за српскиот репрезентативец.

Ноќеска, Тадиќ се појави во Истанбул, а од Фенербахче го потврдија потписот со искусниот 34-годишен играч. Со доаѓањето на Тадиќ, Фенер прави одличен и докажан пар во нападот, затоа што во тимот ова лето пристигна и Един Џеко.

https://twitter.com/i/status/1680342307415916544

Доаѓањето на Тадиќ во Фенербахче е изненадување, затоа што неговото име се поврзуваше со Бешикташ, за да на крајот дојде во големиот градски ривал. Србинот сам побара раскин на договорот со Ајакс и тоа веднаш му беше одобрено, па по пет години играње за гигантот од Акстердам, сега се сели во Истанбул.

„Секогаш е тешко да се донесе одлука за заминување. Сепак, мислам дека ова е вистинско време и за мене и за клубот. Мојот престој во Ајакс и успесите што ги имав ќе ги памтам секогаш. Благодарам за убавите спомени. Ова не е збогум. Секогаш ќе бидам играч на Ајакс и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме, но тогаш јас како тренер“, рече Тадиќ по заминувањето од Ајакс, во чиј дрес одигра 241 меч и постигна 105 погодоци, а имаше и 112 асистенции.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести